ИН 2022 е настан организиран од БЕСТ Скопје преку кој може да ја покажеш својата иновативност и креативност со решавање на актуелни инженерски проблеми. ИН 2022 ти ја дава можноста да се стекнеш со нови вештини и практично искуство. Дополнително, ќе се запознаеш со врвни инженери од нашата партнер компанија Костал со кои може да имаш идна соработка.
Innovative Design е категорија во која треба да се смисли ново или да се надогради веќе постоечко решение за проблемот. Оваа категорија ги поттикнува младите инженери да создадат нови концепти и дизајни. Заедно со презентацијата треба да се направи и прототип за дизајнот со цел да се демонстрираат продобивките од новата технологија и практично да се имплементираат идеите за разрешување на проблемот.
Innovation is the ability to see change as an opportunity - not a threat. Steve Jobs
Every problem has a solution; it may sometimes just need another perspective. Katherine Russel
Case Study се фокусира на исклучиво теоретско решавање на некој реален проблем од инженерството кој треба да се поткрепи со факти и да се презентира како изводливо решение. Оваа категорија се стреми кон спојување на веќе постоечки информации и материјали дадени од страна на компанијата со цел да се дојде до решение кое ќе биде најоптимално и најекономичнo.